Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност

од Берта Китинска
352 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за безбедност.

-Денес имав големо задоволство и чест да се обратам на првиот академски час, на почетокот на новата студентска години за студентите и професорите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ каде за младите луѓе започнува клучната етапа во образовниот процес на нивно завршно оспособување со стручност и знаења кои ќе треба конкретно да ги исползуваат во натамошниот профеисонален живот.Сферата на безбедноста, како образовен избор, земајќи ја предвид општествената важност од една и нејзината интердисциплинарност од друга страна, претставува специфичен академски предизвик на сообразување на теоретското со практичното, а со цел реализирање на личните амбиции, интелектуалната љубопитност и професионалните стремежи.

Потенцирав до студентите дека Министерството за внатрешни работи, како институција што речиси целосно, законски го покрива сегментот на безбедноста во своето секојдневно функционирање, е нивен партнер, секогаш отворено за широка соработка како во поглед на имплементација на современи научни сознанија и искуства од оваа област, така и во поглед на практичното ангажирање млади образувани кадри за потребите на институцијата.

Драги студенти и почитувани професори на Факултетот за безбедност, уште еднаш ви го честитам почетокот на студиите, односно новата академска година, посакувајќи ви на сите вас успех на професионален и на личен план, кажа Спасовски.

Слични содржини