Спасовски на семејството Диневи им додели благодарница: „Овој голем гест секогаш ќе повикува на хуманост“

од Берта Китинска
281 прегледи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска на семејството Диневи им додели благодарница за големиот хуман гест.

„Голема благодарност на семејството Диневи, за големиот хуман гест, Емилија Динева да биде донор во првата трансплантација на срце во Република Северна Македонија на 23 мај 2020 година.Благодариме што во време на длабока тага Вашата љубов кон неа ја преточивте во скапоцен подарок со којшто продолживте живот. Овој голем гест секогаш ќе повикува на хуманост и благородност, што вие го покажавте“, напиша на својот Фејсбук профил Спасовски.

Емилија Динева која живееше во Дојран, е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти во земјава.

Слични содржини