Билатералната средба со мојот чешки колега и прв заменик премиер, Вит Ракушан, претставува потврда на заложбите за искрена меѓусебна соработка и несебична поддршка, која е на највисоко ниво, сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Упатив благодарност до министерот Ракушан за поддршката која Чешката Република ја дава на МВР, преку донации за унапредување на капацитетите на полицијата и зголемување на ефикасноста, како и во справување со илегалната миграција на јужната граница, преку постојано испраќање на чешки полициски службеници, која започна уште во екот на мигрантската криза, што придонесува за зачувување и на границите на ЕУ и безбедноста на европските граѓани.
Во оваа прилика упатив покана до министерот Ракушан за учество на Министерската конференција во рамки на чешкото претседавање со Советот на ЕУ во заедничка организација и поддршка на Меѓународната организација за миграција на тема „Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан“, која ќе се одржи во Скопје кон средината на идниот месец, како и лична покана за официјална средба во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, што на мое особено задоволство беше прифатена“, истакна тој.