Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информираше дека до крајот на летото се очекува поставување на камери на автопатиштата, експресните патишта, но и низ градовите, кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци.
– Целиот тој проект е генерално да се опфатат сите делови на државата. Ќе има фиксни и мобилни уреди кои ќе може да бидат поместувани на регионален и магистрален пат или на автопат. Целата работа е да биде што е можно поопфатен проектот низ целата земја и тој да се проширува. Со тоа ќе се зголеми не само јавната безбедност, туку и сообраќајната, рече денеска Спасовски од Штип.
Забележа дека во однос на сообраќајните контроли неколкукратно се зголемени тие контроли во текот на сите овие години, тргнувајќи од 2017 година до денеска и резултатите коишто се постигнуваат се видливи.