Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите

од desk4
77 прегледи

Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски во изјавата за медиуми откако гласаше на локалните избори рече дека најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите.

-Најважно од се е граѓаните на Република Македонија да можат денеска самостојно да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, без закани и уцени да го остварат своето гласачко право. Апелирам до граѓаните на еден достоинствен начин да покажеме дека и овој ден ќе даде придонес кон реформите во македонското општество – рече Спасовски.

Тој потенцираше дека за Република Македонија е многу важно да покаже дека има капацитет да организира фер и демократски избори и дека за тоа треба свој придонес да дадат и политичките партии.