Спасовски: Нашиот иден градоначалник е човек на Куманово, домаќин по убедување

од Берта Китинска
191 прегледи

Верувам во Оливер Илиевски, ко што си верувам себеси. Знам дека секогаш имал конкретен план, реален, остварлив и прецизно обмислен, пишува на својот Фејбук профил министерство за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Докажал дека е подготвен секому да помогне, дека си ги знае предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани и е насочен кон нивно решавање, а не кон заташкување ‘под тепих’. Има визија за поквалитетен живот, за економски развиен, зелен и еколошки чист град.

Нашиот иден градоначалник е човек на Куманово, домаќин по убедување, кому семејството му е светост, пријател по вокација. Тој, што би рекле моите сограѓани „Не живи за да му пројде д’н“, туку во своето секојдневно работење се води од онаа познатата кумановска поговорка „Дрво се наслања на дрво, а човек на човека“.Затоа е најдобар! Затоа и тврдам дека СДСМ ја има најдобрата понуда на политичката сцена и тука, во Куманово, пишува Спасовски.