943
Екс-министерот за внатрешни работи и член на СДСМ, Оливер Спасовски порача дека настаните од 27 април 2017 се најцрниот датум во историјата на македонската демократија и посочи дека не смее да се заборави, ниту повтори.
Како што кажа денеска Спасовски од пред Собранието, на тој ден имаше план да се убијат пратеници, новинари и стручни служби во Парламентот.
За екс-министерот, не смее да се дозволи насилниците да се нарекуваат уставобранители, ниту да бидат помилувани или да им биде простено за стореното.
-Десничарскиот режим во тоа време направи удар врз државата и демократијата. Неказнивоста раѓа и нови настани и дела. Оние кои што насилно влегле во Собранието, мора да сносат одговорност, кажа носителот во Втората изборна единица на СДСМ.