Спасовски: Не е точно дека МВР не го барала украденото возило на Панче од 24 ноември

од Nikola Popovski
291 прегледи

Ги дадов сите одговори на прашањата за истрагата и тие одговори се сосема во спротивно со шпекулациите во јавноста. Апелирам сите одговори да ги добивате од веродостојните извори, а за текот на истрагата, информациите ќе ги имате од Јавното обвинителство, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не откривајќи нови детали за случајот со убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче.

Според министерот, не е точно дека полицијата не постапила од 24 ноември за да го бара украденото возило на Панче, со кое беше киднапирана малолетничката.

-Во детали, истрагата ќе ги открие сите прашања, како траекторија на движење итн. Немаме што да додадеме, кажа Спасовски.

Истрагата е во рацете на Јавното обвинителство. Потенцира дека во моментов фокусот е на одделението за форензички истражувања

Слични содржини