Спасовски: Не сум изненаден од постапките на Сиљановска-Давкова која лицемерно кажа едно, а потпиша изјава со уставното име

од Vladimir Zorba
778 прегледи

„Ако ги погледнете ставовите на Давкова и во Собранието и во јавноста и во кампањата, тие не беа помалку од тоа дали Преспанскиот договор воопшто ќе опстои. Можеби лично претседателката не се занимавала со раскинување, но ставот бил дека тој е невалиден, непотпишан според Уставот итн. Тоа беа ставовите на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека не очекувал дека Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ поинаку ќе постапуваат по победата на изборите и дека воопшто не е изненаден.

„Факт е дека изјавата, свечената изјава е потпишана со уставното име и тоа само покажува еден таков лицемерен однос и пристап. Заради рејтингот, јавно ќе изговорам што ќе изговорам, но ќе потпишам како што е по Устав“ рече Спасовски.

Поранешниот министер за внатрешни работи додаде дека тоа ќе предизвикува реакции, но за реакциите треба да одговорат претседателката и ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини