Спасовски: Не треба преку амнестии да ослободуваме простор во затворите

од Nikola Popovski
279 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не се согласува со предлог-законотот за амнестија и цврсто стои на ставот дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти. Тој порача дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови, за да може тие што се за издржување на казни, да ги издржуваат, а не преку амнестии да се ослободува простор во казнено-поправните установи.

Околу расположението во СДСМ, во однос на предлог-законот, Спасовски истакна дека политичките ставови ќе ги артикулираат пратениците во Собранието.

Министерот беше запрашан и дали постои кавга во владеачката партија, за тоа кој предлог-кандидат да биде за претседателските избори. Според Спасовски, нема никаков конфликт за прашање бидејќи вели дека тоа се уште не се разговарало во партијата.

-Кога ќе дојде време, ќе разговараме и низ дијалог ќе се утврди тоа што е најдобро. За нас важен е европскиот фронт и опцијата која што нуди извесност на државата и граѓаните, посочи Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини