Заедно со граѓаните верници присуствував на Света Божествена Литургија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски”, по повод празникот на чудотворецот кој е патрон на манастирот и светец-закрилник на Крива Паланка, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Свети Јоаким Осоговски бил светител и Божји угодник, кој не бил само човек кој правел подвизи и дал пример само за тоа време, туку подвизи за пример за сите генерации, за тоа како се живее со очистено срце и просветлен ум, на еден повисок духовен степен.Во име на подвизите на овој голем светец, на сите православни верници им посакувам добро здравје и духовен мир.Нека е за честит и за многу години празникот на Св. Јоаким Осоговски!, напиша Спасовски.