Спасовски: Нема браќа, сестри или внуци кога се работи за борбата против корупцијата и криминалот

од Nikola Popovski
393 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово на социјалните мрежи објави статус во кој наведе дека борбата против криминалот и корупција не е лесна никаде во светот, дури и во најразвиените демократски држави.

Потсети на зборовите на поранешниот американски претседател Френклин Рузвелт: „Aко беше лесно немаше да вреди“.

-И оваа битка којашто ја имаме против криминалот и корупцијата не е лесна, меѓутоа е вредно да се бориме против нив и да создадеме услови за развој на општеството, за такво какво што го посакуваат и, пред сѐ, заслужуваат граѓаните на државата. За кој сака нека се работи, тука нема ни внуци, ни браќа, ни сестри, ни функционери…. Не сакам да се создава илузија во јавноста дека некој заради тоа што е поврзан со врвот на власт или е во самиот врв на власта – нема да одговора, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Порача дека системот за борба против корупција е комплексен.

-Тоа не е една институција, но граѓаните сакаат да го видат крајниот исход – дали тој што е криминалец и утврдил судот дека е криминалец – ќе ја изврши санкцијата, дали ќе се конфискува нелегалниот имот. Дали зајакнува системот?! Да, зајакнува. Тој систем не е ист систем како до 2017. Дали треба да биде подобар? Да, треба да биде уште подобар и да градиме сите доверба во институциите, стои меѓу другото во објавата на првиот полицаец во државата.

Слични содржини