Спасовски: Нема да дозволиме да се наруши нашето достоинство, ниту од македонски ниту од бугарски државјани

од Nikola Popovski
305 прегледи

Нема да биде дозволено нарушување на достоинството на македонскиот народ и македонската држава во ниту еден облик, тоа нема да го толерираме ако се прави од било кого, граѓанин на Македонија или граѓанин на Бугарија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на Сител телевизија.

-Секако дека има и оправдана реакција од граѓаните, ние секогаш сме гостопримливи и сакаме да покажеме висок демократски капацитет и тоа сме го покажале, меѓутоа институциите на системот се тука и работат постојано, нема потреба да се блокираат патишта и било што друго, тоа нема да придонесе кон ништо, истакна министерот.

Според него, нашиот идентитет, јазик и нашата култура се само наши и ние треба да си ги штитеме максимално.

-Се креваат тензии дека некој ќе дојде и ќе ни ги земе овие облежја, ние ќе си ги чуваме, додаде Спасовски.

Во однос на тоа дали ќе има забрани за влез на бугарски државјани Спасовски кажа дека основата на тие одлуки е почитувањето на македонската држава, македонскиот народ и нашето достоинство.

Слични содржини