Спасовски: Нема простор за опасност од немири при отворање на Уставот

од Nikola Popovski

Рано е сега да цениме како ќе се движи политичката ситуација во тој момент. Нема простор, нема место за никакви тензии затоа што само преку политичката дебата можеме да ја препознаеме демократијата во државата и само преку политичка дебата можеме да се соочиме со ставовите и така ќе не ценат повеќе оние кои ќе не следат во процесот на пристапување во ЕУ, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето дали уште сега има индиции за повторување на немири при отворањето на Уставот во Собранието, како што беше пред прифаќањето на францускиот предлог-преговарачката рамка за Македонија со ЕУ.

Според него, нема опасност за немири при отворање на Уставот.

-С. Македонија нема алтернатива освен патот кон ЕУ и затоа треба сите политички партии и граѓани да направиме сѐ за да успееме за европските вредности да станат дел од начинот на живеење. Сознанија за идни инциденти постојат бидејќи геостратешката положба на државата покажува дека тука се прекршуваат интересите. Постојат секогаш хибридни закани и предизвици, но ние мораме да се справиме и да покажеме дека имаме капацитет, кажа Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Слични содржини