Спасовски: Никако не смееме да дозволиме да се наруши безбедноста на нашите граѓани

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Врвен приоритет е Владата да го зачува мирот и стабилноста во државата ако во Македонија дојде бугарска група која е против македонскиот идентитет на одбележувањето на 4 февруари, денот кога е роден Гоце Делчев, кажа Оливер Спасовски по посетата на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде беа и министерот Бујар Османи и шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал.

Спасовски во одговор на новинарско прашање дали Џамбаски на чествувањето на Гоце Делчев, на 4 февруари ќе биде вратен од граница, кратко одговори дека тој ден ќе одлучат што ќе прават.

„Не е добро за политичките односи и внатре во државата и помеѓу соседите. Знаеме дека секогаш имаме радикални структури кои поради лични или други интереси сакаат да се нарушува тој процес на стабилизација на односите. Од друга страна, никако не смееме да дозволиме да се наруши безбедноста на нашите граѓани. Владата вчера разговараше на оваа тема, го заложи МВР да преземе надлежности во зачувувањето на безбедноста и стабилност во соработка со Агенцијата за национална безбедност“, изјави Спасовски.

Спасовски меѓу другото информира дека МВР работи заедно со Агенцијата за национална безбедност и со безбедносните служби во размена на податоци и на информации и врз основа на тие податоци и информации, ќе носи одлуки во секој поглед.

Според него, сите тие податоци и информации, што беа дадени се дел од анализите што се прават, а за секоја одлука треба да има и време и момент кога ќе биде донесена.

„Прво и основно заштита на мирот и безбедноста и најважно заштита на нашиот национален интерес, идентитет, нашето право на самоопределување и на достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани“, изјави Спасовски.

Слични содржини