Агендата ќе ја започнат на средба со корисници на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот Цртај на македонски во галеријата „Магаза”, каде министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во 11:30 часот ќе даде изјава за медиумите.
Потоа владината делегација ќе се упати кон Секторот за внатрешни работи (СВР) – Битола каде министерот за внатрешни работи Спасовски ќе направи увид на една од капиталните инвестиции на Министерството за внатрешни работи на ова подрачје – инвестирање во побезбедна иднина. Пред објектот на СВР Битола, министерот Спасовски ќе се обрати на присутните медиуми, точно на пладне.