Спасовски: Ништо не е исто како претходно, сите ние треба да се прилагодиме на ситуација

од Берта Китинска
148 прегледи

Денеска ќе разговараме за носење на одлука со која што ќе се олесни движењето, односно скратувањето на т.н полициски час, најави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ премиерот, Оливер Спасовски.

-Ништо не е исто како претходно. Оваа година се е променето и сите ние треба да се прилагодиме на ситуација. Важно е да се почитуваат мерките се со цел заштита на нашето здравје. Денеска ќе разговараме за носење на одлука со која што ќе се олесни движењето, односно скратувањето на т.н полициски час. Тој да започнува во 19 часот и да трае до 05 часот наутро. Да дадеме поголема временска рамка за движење на повозрасните луѓе, изјави Спасовски.

Слични содржини