Спасовски: Од КАРИЛ први го информираа МВР дека кај Тот немало видливи траги на насилство

од Nikola Popovski
212 прегледи

Одредена конфузија настана поради тоа што првично се констатира во Клиничкиот центар дека нема видливи траги на насилство и тоа е првата оценка на лекарите кои што го прегледале пациентот кога бил донесен на КАРИЛ. МВР добива информација кога пациентот лежи во болницата. Претходно нема пријава за нарушен ред и мир во ноќниот клуб, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски околу убиството на ракометарот Денис Тот.

Според Спасовски, во 3 часот и 39 минути, пристигнува Брзата помош пред ноќниот клуб и го зема лицето.

-Кај нас пријавата во МНР е во 4 часот и 11 минути, тогаш се јавуваат од Клиничкиот центар дека е донесен пациент во бесознание, без срцева акција и без видливи траги на насилство. Од тој момент се вклучуваат колегите од полицијата и започнуваат нашите дејствија. Друга екипа оди кај дискотеката, меѓутоа тогаш таа не работи и нема видливи траги за трагедијата. Информациите дека телото било на тревник и дека биле избришани снимките се шпекулации и невистини. Ниту еден момент не е застанато со истрагата, информира Спасовски во емисијата „Топ тема“.

Спасовски додаде дека се бараат од одговори и од Клиничкиот центар и од Брзата помош.

Слични содржини