Спасовски: Опозицијата не покажаа став за ниту едно клучно прашање

од Берта Китинска
277 прегледи

Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички, пишува министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

-Влеговме во НАТО како Македонци, зборуваме на македонски јазик, тој е официјален јазик во НАТО алијансата, а со многу посветеност, пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме и преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик.

Опозицијата најмалку може за тоа да наоѓа замерки, бидејќи тие не покажаа став за ниту едно клучно прашање за иднината на земјата. Опцијата која тие ја претставуваат секогаш била опција која ставала сопка или нов нож во грбот на својата држава, пишува Спасовски.