186
На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека време е опозицијата треба да се реформира.
-Сметам дека опозицијата треба да се реформира. Во овие три години нема реформа во начинот на однесувањето и размислувањето и жал ми е што е така. Овие аспекти не треба да се гледаат низ партиската призма, туку општествена, национален интерес за тоа какви треба да ни бидат политичките субјекти и какви вредности треба да споделуваме. Овие 3 години опозицијата не застана со поддршка, ниту еднаш не покажа јасен политички став, изјави Спасовски.