Спасовски: Откриени се 3 кривични дела за копањето криптовалути

од Берта Китинска
298 прегледи

Во текот на 2021 година откриени се 3 кривични дела и пријавени четири лица за кражба на струја за копање на криптовалути, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински Брифинг .

-Крадењето на струја не е нешто што се случува сега, тоа се актуелизира во моментов. Инаку кражаба на струја во Кривичниот законик е заведено во членот 235 а во кој стои „кражба на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас“ .Неовластеното приклучување кон дистрибутивната мрежа за електрична енергија е прекршок. Само во СВР Скопје во 2021 година има 41 кривчно дело , поднесени се 40 крвични пријави против 45 сторители. Од извршените проверки утврдени се 3 кривчни дела од 4 сторители за недозволено  приклучување на компјутерска опрема за кражба на електрична енергија за копање на криптовалути, вели Спасовски.

Слични содржини