Спасовски: Отворен Балкан се развива како концепт – земјите вложуваат напори за операционализација на активностите

од Nikola Popovski
485 прегледи

„Отворен Балкан“ не само што функционира, туку тој се развива како концепт, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24.

-Тој е во рамки на Берлинскиот процес којшто практично треба да значи олеснување за граѓаните нормално функционирање и комуникација со државите од Западен Балкан. Слободен проток на лица, на роба, на услуги итн кои ги имаме се со цел тие меѓусебни односи ги подобри и олесниме практично движењата на економијата. Тоа е крајната цел. Овој процес израсна како процес којшто сопственост имаат државите од овој регион – Србија, Македонија и Албанија и во рамките на овој цел процес ние посакуваме да бидат вклучени сите држави во регионот. Така ќе јакнат и добрососедските односи, рече Спасовски.

Според него, сите три земји членки на процесот вложуваат напори да ги операционализираат зацртаните активности и да ја постигнат крајната цел.

Слични содржини