Спасовски: По 20 000 евра за пасош наплаќале фалсификаторите

од Берта Китинска
313 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто на „Утрински брифинг“ во врска со  вчерашната акција посочи дека сумите за  фалсификуван пасош се движеле и до 20 000 евра.

-Сумите за еден фалсификуван пасош се движат и до 20 000 евра. Претходно, пред оваа за пасошите, имавме акција, во која исто така осум колеги беа приведени за фалсификување возачки дозволи за кои наплаќале од 1 500 до 2 000 евра.Сите оние кои се вработуваат во МВР мора да поминат и низ безбедносна проверка, значи да нема ризик. Тие аспекти се почитуваат секогаш, не можеме да ставиме забелешка дека некој од нив немал документ. Но, што потоа се случува во текот на вработувањето е друго прашање. Инаку, имало посредник за пасошите. Во секоја криминална структура мора да има еден шеф, затоа и оваа група има еден таков човек. Имаме и повисоки чинови меѓу приведените. Службите, преку во оваа акција, се исчистени, но во секој систем постои ризик да има криминал, изјави Спасовски.

Слични содржини