326
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.
Денеска во СДСМ ќе се состане Централниот одбор на новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски каде се очекува и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер.
На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.