Спасовски: Полицискиот час беше неопходна мерка, најголем дел од граѓаните ја почитуваат

од Nikola Popovski
240 прегледи

„Сите полициски службеници се на терен. Ова беше неопходна мерка, никој не ја посакува, но моравме да ја примениме во борбата против ширењето на пандемијата. Верувам дека заеднички со оваа мерка во наредните 14 денови ќе го запреме ширењето на вирусот“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски од еден од полициските контролни пунктови, каде што се контролира спроведувањето на новиот полициски час, кој започна вечерва во 22 часот.

Министерот нагласи дека најголем процент од граѓаните ги почитуваат сите мерки.

„Мерката важи за сите граѓани и нема да има попуштања, освен таму каде што се предвидени остапки“, појасни Спасовски.

Слобода на движење ќе имаат граѓаните кои имаат посебни дозволи, а надлежните информираа дека се валидни оние кои беа издадени уште лани, оние кои ги изгубиле ќе добијат нови.

Отстапка ќе има и за лицата на кои ќе им треба итна медицинска помош, откако ќе го најават во полиција излегувањето од дома на 192. Промена има и во функционирањето на аптеките по 22 часот.

Бројот на дежурни аптеки ќе биде ограничен. Во полицискиот час ќе работат само оние кои се локациски поврзани со амбулантите и болниците, а пристап до нив ќе имаат оние граѓани кои ќе приложат доказ дека направиле медицински преглед.

Слични содржини