Спасовски: Поскапувања на некои домашни производи, не може да биде врзано со платежната картичка

од Берта Китинска
330 прегледи

Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека веќе им дал налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички.

Според Спасовски, зголемувањето на цените кое го има во некои продавници, не може да биде никако врзано со платежната картичка зашто со неа се зголемува куповната моќ на граѓаните, а со тоа и домашната потрошувачка.

-Има некакви реакции од граѓаните. Веќе дадов налог на инспекциските служби да се провери и во малопродажбата и во производството, да видиме за што станува збор – дали за поскапување на репроматеријали врз основа на кои се зголемува и цената на овие производи или за сосема нешто друго. Ќе видиме што ќе кажат инспекциските органи за оваа појава која не е масовна, но ја има во некои продавници, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на новата градинка во Волково.

Премиерот уште еднаш апелира дека сега не е момент да се прави профит.

-Апелирам, како што аплерирав и на почетокот на кризата со оглед дека кризата се уште не е завршена – не е момент да правиме профити, сега е момент да помогнеме на граѓаните сите заедно. тој изрази благодарност до сите компании кои беа општествено-одговорни и помогнаа дури и со намалување на цените, потенцира Спасовски.

Слични содржини