Спасовски: Постои стагнација во бројките на новозаразени во државата

од Nikola Popovski

„Секој е свесен за тоа каква е ситуацијата. Ако се стабилизира ситуацијата граѓаните ќе можат да патуваат, но одлуката за тоа ќе биде базирана на тоа што се случува во опкружувањето и кај нас“, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски на дебатната емисија „Топ тема“.

„Овие неколку денови имаме некаква стагнација на бројките во Скопје и општо во државата. Има тренд на опаѓање, но исто така е голем бројот на тестирањата“, изјави Спасовски.

Тој исто така напомена дека се покажа дека ништо нема да се смени ако изборите се на 5-ти јули или 15-ти јули.

„Ние како владеачка коалиција ќе направиме се за да имаме фер и демократски процес за изборите. Се надевам дека поголем број граѓани кои се во изолација и самоизолација да го искористат правото на глас“, рече Спасовски.

Слични содржини