Спасовски: Потребни се општествени норми за да дојдеме на високо ниво на свесност за безбедност во сообраќајот

од Берта Китинска
184 прегледи

Од минатата година до сега имаме за 70% зголемени контроли и утврдени сообраќајни прекршоци, намален е бројот на жртви, на незгоди со тешки телесни повреди и материјални штети. Имаме 166.853 прекршоци за овој период од годината споредбено со истиот период минатата година, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Она што ние како МВР го поставивме како наш стратешки приоритет во изминатите години е подигнување на безбедноста во сообраќајот. Постојано се отвораат дебати дали е доволно или е премногу контрола на патиштата во смисла на безбедноста. Кога зборуваме за сообраќајни незгоди, тогаш сите овие контроли кои ги правиме добиваат на тежина.Важно е да се има континуитет во работењето, а подигањето на безбедноста во сообраќајот, или безбедноста воопшто, не е феномен кој се решава преку санкционирање. Треба да создадеме општествени норми преку процес на образование и преку градење морални и етички норми, се’ со цел да дојдеме на високо ниво на свесност, вели Спасовски.