387
„Продолжуваме со идентификацијата на лицата поврзани со случајот „Јавна соба“, изјави денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при посетата на Центарот за обука во Идризово, каде направи увид во селекцијата на кандидати за полициски службеници.
Според него, од минатата недела двајца скопјани на возраст од 21 и 32 години, кои се поврзуваат со ланската „Јавна соба“, се во притвор.
„Имаме кривични пријави за уште 4 лица и активно работиме на целосно расветлување на случајот“, посочи Спасовски.
Во знак на поддршка на жртвите од „Јавна соба“, минатата недела на протестен марш во Скопје излегоа стотици граѓани и активисти. Пред МВР и Јавното обвинителство обвинија дека државата нема волја да ги штити.