Спасовски разгледува опции со Правда за деблокирање на градот и решение за приватните превозници

од Nikola Popovski
120 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска обелодени дека со протестот на приватните превозници се судираат правата на слободно движење и правото на протест.

-Разгледуваме опции и со Министерството за правда од утрово во однос на оваа дебата. Апелирам да се седне и да се разговара за целиот овој процес. Тие кои што го создаваат овој проблем ќе мора да ги вкрстат аргументите. Во спротивно не можеме да бидеме како држава и град, да бидеме заложници на тоа што некој се скарал во политички субјекти и на основа на тоа, сите да бидат блокирани како граѓани. Чесно е да се излезе пред граѓаните и да каже дека ќе се разговара, одговори Спасовски како одговор на новинарско прашање околу блокадите во главниот град.

Од денеска приватниците блокираа две крстосници и булеварот „Илинденска“ во знак на револт, барајќи решение за наплаќање на долгот што го има ЈСП Скопје кон нив.