Министерот за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река.
Како што соопшти МВР, на средбата Спасовски и Река, меѓу другото, разговарале за досегашната соработка како меѓу двете земји, така и меѓу министерствата за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Албанија, при што заеднички било констатирано дека таа е на извонредно високо ниво, за што сведочат бројните билатерални договори за работа во повеќе полиња од областа на безбедноста.
Била нагласена подготвеноста и за дополнително интензивирање на соработката, особено во поглед на заедничката борба против организираниот криминал и корупција, илегалната миграција и трговијата со луѓе.