Спасовски: Само бугарските органи можат да споделуваат информации за автобуската несреќа

од Берта Китинска
204 прегледи

Истрагата за сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија ја водат бугарските истражни органи и само тие се должни и можат да ги споделуваат информациите од неа. Ние прибираме информации и податоци, кои преку меѓународна правна помош се побарани од нас да ги собереме, меѓутоа додека не заврши истрагата и не се соопштат официјално од органот што ја врши истрагата, ние не можеме да влегуваме со давање информации и податоци, одговори министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање зошто со јавноста не се споделуваат информациите за истрагата што се води за сообраќајната несреќа што се случи во автобусот на „Беса транс“ во Бугарија.

– Секоја истрага мора да се води во институции, а не преку медиуми, нагласи Спасовски.