Спасовски: Само на регистрациите е „НМК“, кодот на С. Македонија во ОН и светот е „МК“ и „МКД“

од Nikola Popovski
631 прегледи

Околу ставањето налепници со „НМК“ на регистарските таблички на возилата и како реагираат на тоа грчките власти согласно Преспанскиот договор, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека ова се прави бидејќи е дел од постигнатиот договор.

-Само на регистрациите кодот е „НМК“. Кодот на Република Северна Македонија во Обеиднетите нации и светот е „МК“ и „МКД“. Со одлуката за табличките не сакавме да ги изложиме граѓаните на трошоци и физичките и правните лица да немаат проблеми. Ова е нешто што е прифатливо и нема дискусија дали некој ќе ги прифати. Табличките се признаени секаде, кажа Спасовски од Тетово, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини