Спасовски: Се нотира позитивен тренд во спречувањето на трговијата со дрога

од Stefanija Kuzmanovska

Посветеноста во борбата со недозволената трговија со дрога, која е еден од врвните стратешки приоритети на МВР, е препознаена и во Извештајот на Европската комисија. Според извештајот, Националната стратегија против дрога го опфаќа периодот 2021-2025 година и се спроведува преку конкретен Акциски план, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

„Забележани се подготвителни активности околу Регистарот на дроги на ИЈЗ, во соработка со МВР, кој се очекува да се финализира во периодот што следи.

Активностите за намалување на штетноста, еден од главните столбови на политиката за дроги во земјата, се спроведуваат од локалните граѓански организации преку национална мрежа на национална контакт точка.

МВР ќе продолжи со несмален интензитет да се бори со недозволената трговија со дрога како во рамките на земјата, така и преку продлабочување и интензивирање на соработката со соседните, земјите од регионот и сите меѓународни институции како Европол, Интерпол и други агенции за борбата со нелегалната трговија со дрога“, стои во објавата на Спасовски.

Слични содржини