Спасовски се потпиша во книгата на жалост во турската амбасада

од Nikola Popovski
145 прегледи

Министерот за внатрешни работи Олвиер Спасовски денеска се потпиша во книгата на жалост по повод смртта на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

-Изразувам најискрено сочувство за големата трагедија во братска Туркије, на братскиот турски народ. Македонија ќе биде секогаш со Туркије и со граѓаните. Срцето на целиот македонски народ и граѓаните на Македонија чука заедно со граѓаните на Туркије, порача Спасовски.

Книгата за жалост е отворена во амбасадата на Турција во земјава.

Бројот на загинатите во силниот земјотрес се искачи на 35.225, покажуваат официјалните податоци објавени утринава од Турција и Сирија.

Слични содржини