232
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за МИА, откако поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се појави денеска пред обвинителствотово истакна дека ангажманот на МВР и другите институции дал резултат.
„Целосната ангажираност во потражните дејствија на МВР и другите институции и превземање на низа активности даде резултати. Денеска истакнав дека Мијалков е во земјата и дека очекувам успех за неколку часови“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.