Зголемена e ефикасноста на работата на полицијата и тоа дава резултати, во вој период од септември до денеска покажавме ефикасност затоа се активирани неколку акции, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Студио 10 на ТВ24.
„Зголемена е ефикасноста на полицијата. Од септември до денес имаме голема ефикасност, активираме неколку акции. Се случува трговија со марихуана, имаме заплена во Јосифово, во Крушево, последните 20 дена пресековме два меѓународни шверц канали. Даваме податоци колку дрога е запленета, повеќе од 300 килограми од дрогата е најдена во Арачиново, но останатата дрога не е пронајдена, истрагата е во тек. Има индиции дрогата да е и надвор од државава. Имаме сериозни докази за дрогата од Јосифово, 6 кривични пријави има за тој настан, вели Спасовски.
Во однос на тоа дека меѓу осомничените во акцијата во Крушево бил и близок роднина на заменик-министерот за внатрешни Назим Буши, Спасовски вели дека во оваа држава мора да се стави до знаење дека секој мора да си одговара, нема врски ниту партиски ниту роднински.