318
Преземени се сите неопходни мерки од страна на МВР во содејство со ОЈО Струмица и Вишото ЈО кое ја покрива Струмица, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратенички прашања во врска со учесници во тепачката која се случи на 18 март 2021 година.
-Овој процес е заокружен со поднесување на кривична пријава, поднесена против 22 лица за повеќе поврзани кривични дела. Врз основа на наредба на Јавен обвинител е обезбеден целовкупниот видео материјал којшто се користи во доказната постапка и од кој произлегуваат фактите со кои е поткрепена кривичната пријава. Сите коишто учествувале во овој настан и придонеле граѓаните да се чувствуваат несигурни, ќе сносат одговорност, вели Спасовски.