Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово се сретнал со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.
Спасовски имал средба со Агелер во просториите на МВР, а според објавеното на социјалните мрежи, ја пречекал амбасадорката со букет цвеќе.
-Посакувам топло добредојде за Н.Е. Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на првата посета на МВР, напиша Спасовски покрај фотографијата од пречекот.
Годинава Агелер ја наследи Кејт Мери Брнз која ја извршуваше функцијата американски амбасадор од 2019-та. Агелер е дипломатка од кариера која веќе има искуство во Македонија, како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада. Во нејзината официјална биографија објавена на сајтот на Белата Куќа меѓу останатите јазици стои дека зборува и македонски.