Спасовски: Со ФРОНТЕКС имаме потврден јазик и побезбедни граници

од Берта Китинска
139 прегледи

Граѓанската безбедност е наш приоритет, токму затоа го потшишавме ФРОНТЕКС, на македонски јазик и не е нешто што не можеме сами да го споведеме, но вклучењето на крајбрежна и гранична стража од ЕУ значи јакнење на капацитетите пред се поради миграцијата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

-Овој договор значи зголемување на капацитетите на оперативно ниво, ќе може да побараме од агенцијата од крајбрежна и гранична стража на барање на земјата, да се изготви оперативен план, и потоа тие испраќаат сили на критичните точки, дополнително важно е што ќе може да се користат опрема и податоци на ФТОНТЕКС, па ќе имаме брза размена на информации и одлична едукација на нашите тимови, додаде тој.

Според него ова веќе се спроведува со државите од вишегратскатратска група и границата со Грција, особено за мигрантите, така што преку Фронтекс сите сили на ЕУ ќе бидат присутни на територијата на Севрна Македонија.

Слични содржини