Спасовски: Тефтерчињата на режимот нè донесоа до ова дереџе, неопходно е прочистување на институциите

од Берта Китинска
192 прегледи

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски во емисијата „Клик Плус“ уште еднаш кажа дека борбата против криминалот и корупцијата мора да биде неселективна.

-Денес секој еден што ќе се уапси се процесуира, но до 2017 година високи функционери од власта бараа начини како да ги скријат активностите на одредени криминалци, има случаи со убиства, со дрога, кога се заштитувале одредени лица и тоа се правело во режимот, тие работи во кабинети се решаваа. Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде неселективна. Јас немам тефтерче, ние од такви тефтерчиња дојдовме до ова дереџе. Затоа сега се чистат институциите, сега гледам неколку активности нелегални се правеле низ институциите, затоа мораме да ги прочистиме клучните институции, за тие да станат независни и професионалн, изјави Спасовски.