Спасовски: „Тигрите“ се гордост на граѓаните на С. Македонија

од Nikola Popovski
270 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од касарната „Илинден“ порача дека голема е честа за да биде од дел од 13-ти март – денот на одбележувањето од формирањето на САЕ „ТИГАР“.

-Претставуваат вистинска гордост не само за МВР, туку и на граѓаните на С. Македонија. САЕ „Тигар“ се профилираше во високо специјализиран тим на обучени службеници, секогаш беспрекорно подготвени да се спротивстат на новите предизвици во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Досегашните резултати, пак, се уште еден показател дека ТИГАР како единица е позиционирана рамо до рамо со истородните формации од Европа и светот, парирајќи им како во стандардите на опременост и стручност, така и во врвно професионалното полициско постапување, рече меѓу другото Спасовски.

Слични содржини