Спасовски: Тој што има парламентарно мнозинство оди во Собрание и го покажува

од Nikola Popovski
110 прегледи

Оваа Влада ќе опстои до 2024 година и нема потреба да се разговара или да одговараме на романтизам на одредени политичари кои на секои 2-3 месеци нудат некакво ново парламентарно мнозинство, изјави денеска министерот Оливер Спасовски како одговор на новинарско прашање.

Спасовски е категоричен дека „тој што има парламентарно мнозинство оди во Собрание и го покажува“.

-Тука нема дилема. Тие се легитимни демократски инструменти и нема ниту јас, ниту било кој од Владата да ги коментира. Јас го кажувам мојот став и моето мислење, оваа Влада не може да биде срушена со ново парламентарно мнозинство во Собрание. На крај вие ќе цените кој било во право или не, рече Спасовски во својот одговор од кругот на МВР каде му беше предадена опрема од мотоцикли за сообраќајната полиција.