Спасовски: Треба да разјасниме дали се работи за човечка грешка или имало технички пропусти

од Nikola Popovski
231 прегледи

Треба да разјасниме дали се работи за човечка грешка или имало технички пропусти, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за бугарската “BTV“.

Според него, информациите за туби со гориво и пиротехника во автобусот кој се запали на автопатот Струма се само шпекулации кои не помагаат во истрагата за инцидентот, туку само попречуваат.

„Според информациите на официјалните власти во Бугарија, кои ги имаме досега, жртвите на оваа голема трагедија се 45, а 7 лица се во болница“, изјавил Спасовски и додава:

„Царинската управа на Република Северна Македонија вчера презема активности во однос на расчистување на постапките, при што двајца цариници се суспендирани и спроведена е дисциплинска одговорност за раководителот. Потребна е детална истрага и кривична одговорност за секој еден кој учествувал во вакви дејствија“, истакнал министерот.

 

Слични содржини