Спасовски: Треба да се спречи секој еден кој смета дека неговиот бизнис и пари се поважни од судбините на два милиони граѓани

од Nikola Popovski
240 прегледи

Во интервјуто на Спасовски во „Вин Вин“ на ТВ Телма, одговарајќи на прашањето околу пораката што ја упати В.Д. амбасадорот на САД во Северна Македонија Ерик Мејер, дека недостига едно парче во антикорупциската сложувалка во државата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со потврда дека пораката е упатена до сите оние кои се обидуваат своите интереси да ги стават пред интересите на граѓаните и на државата, и во делот на политиката, а особено во делот на бизнисот.

„Секој еден кој што смета дека тој, неговите пари, неговиот бизнис се поважни од судбините на два милиони граѓани на оваа држава – секако тоа треба да биде прекинато“, порача министерот Спасовски, додавајќи дека постојат структури кои што ги злоупотребуваат позициите во институциите, но и пошироко.

Во однос на лажните дојави за бомби во скопските училишта, министерот вели дека сега сите разбираат колку е важно да се изгради систем отпорен на сајбер криминалот, систем на отпорност во делот на нападите, или поголема сајбер безбедност или култура на институцијата.

-Има два елемента во делот на пријавите – едно е напад на системи кои ги имаат институциите, а второто е пријави од граѓани за разни кривични дела направени по електронски пат. Таму каде се доаѓа до конкретни податоци, ИП адреси, податоци за социјални мрежи, онаму каде може да биде покренато соодветно обвинение, тоа е покренато. Но, некаде не може, ниту преку меѓународна правна помош, рече синоќа Спасовски.

Слични содржини