Спасовски упати честитка до припадниците на српската заедница по повод чествувањето на Св. Сава

Почитувани припадници на српската заедница во Република Северна Македонија, ви го честитам големиот православен празник Св. Сава. Со одбележувањето на денот на најголемиот српски просветител даваме пример на идните генерации како треба да ја почитуваат традицијата на негување на меѓусебните односи, градејќи мостови на поврзување меѓу двете соседни пријателски држави.
Српската заедница во Република Северна Македонија го дава подеднакво својот придонес во сите сфери од општествениот живот на земјата, збогатувајќи го нашето мултиетничко и мултикултурно општество, што претставува значаен удел на патот кон остварувањето на нашите заеднички стратешки цели како држава.
Ви посакувам среќна слава, убаво празнично расположение, многу здравје, среќа и благосостојба.
loading...

Слични содржини