127
Вонредната состојба е причина Велигденските празници секој да ги помине по дома.
За Премиерот Спасовски велигденските празници се причина плус за дружба со семејството. За 24 инфо рече дека секојдневно е посветен на справување со состојбата со Ковид 19.
– Секојдневно сум посветен на борбата со ковид 19. И од работа одам дома во Куманово и времето го поминувам со моето семејство.Претстојните Велигденски празници ќе ги поминам дома со моето семејство како што налага состојбата. Секако и за време на празникот ќе има одредени работни активности- вели Спасовски.