Спасовски: Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борба за слобода

од Vladimir Zorba
145 прегледи

„Денеска го одбележуваме 23 Мај, Националниот ден на Власите, и ова е можност да оддадеме признание на влашкиот народ за вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борба за слобода, правда, независност и државност“, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Влашкиот народ и истакнати личности Власи, споделувајќи ги овие вредности, учествуваа и имаат значајно место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја.

Би сакал да се заблагодарам за вашиот несебичен придонес во градењето на заедништвото и низ толеранција, доверба и почитувањето да продолжиме да создаваме едно општество за сите.

Само обединети и со солидарност полесно и побрзо ќе се справиме со актуелната здравствено-економска криза и ќе придонесеме за благосостојба и за просперитет на нашата заедничка татковина.“, додава Спасовски.