Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња за трагедијата во Кочани, којашто ја поднесе пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз заедно со пратеничката група на левица и беше поддржана од европскиот фронт, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Оливер Спасовски.
„Очигледно ова е партиска директива. Затоа што повторно се врати времето во кое што имаме протест и контрапротест, пленум и контрапленум.
Денеска имаме анкетна комисија, предлог против анкетна комисија и се покажа дека партиската директива укажува на тоа дека само тоа што е поднесено од парламентарното мнозинство може да биде вредно, а без притоа да се изедначат секоја иницијатива на овсените претставници и предлагачи.
Ова претставува уште едно понижување, разочарување на семејствата коишто изгубија најмногу и коишто не можат ништо да надоместат со било каква дебата и од било кого.
Родителите и семејствата чекаат барем трошка надеж, барем трошка вистина, барем малку човечност и барем еден знак дека институциите се на нивна страна.
Ова е срам за оваа институција, парламент за законодавна власт којашто треба да биде за сите граѓани и треба да работи за сите граѓани. Денеска пропуштивме една огромна шанса во којашто треба да покажеме единство и солидарност.
СДСМ тоа го покажа при гласањето. За разлика од нас, ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство покажаа партиски интерес и партиска послушност и сето тоа укажува дека се се прави заради одредени партиски поени.
Но сето ова е факт дека досегашните нашите наши тврдења дека актуелната власт се плаши од вистината за за Кочани се покажа и на дело. Меѓутоа СДСМ, а верувам и колегите од опозицијата ќе продолжат и понатаму да се борат за правдата, да се борат за вистината, да се бориме за сите граѓани коишто се засегнати во овој случај“, истакна тој.