Спасовски во Берлин доби торта за роденденот

од Nikola Popovski
151 прегледи

Министерот Оливер Спасовски, кој е во работна посета на Германија, беше изненаден по повод 46-от роденден. Тој добил торта со свеќа во облик на бројките „46“.

-Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин. Ви благодарам на сите за искрените честитки. Да сте живи и здрави!, порача Спасовски на социјалните мрежи.

Спасовски учествува на Самитот на министрите за внатрешни работи во рамките на Берлинскиот процес за Западен Балкан, каде што имаше обраќања на три сесии. Покрај тоа, оствари средба и со вршителот на работи во македонската Амбасада во Берлин, Сојузна Република Германија, Н.Е. Драган Петковски.

За време на средбата беше потенцирано дека поради големиот број наши граѓани кои живеат и работат во Сојузна Република Германија, од големо значење е базната станица за издавање на патни исправи во Берлин, која е дел од заедничкиот проект на Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи отпочнат на 01.10.2021 година, а во врска со поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва.